Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОД ЛУПА ПРЕДМЕТИТЕ НА СУДИЈАТА ШТО СОЅИДА 350.000 ЕВРА ВО ЅИД Проверени поголем дел од случаите на кои работел Ѓоко Ристов
Македонија

ПОД ЛУПА ПРЕДМЕТИТЕ НА СУДИЈАТА ШТО СОЅИДА 350.000 ЕВРА ВО ЅИД Проверени поголем дел од случаите на кои работел Ѓоко Ристов

03/02/2026

AA

Претседателот на Судски совет Александар Камбовски денеска изјави дека Советот веќе извршил контрола на дел од предметите во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов против кого е покрената кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

– Судскиот совет во рамки на планот на неговата работа ќе има проверки во Апелацискиот суд, не само за конкретниот судија кој го споменавте, туку за работата на сите судии. Беше извршена контрола на дел од предметите во кои постапувал судијата кој го споменавте, но во моментов немам податоци да ви изнесам во смисла дали е детектирано некој пропуст или не, бидејќи комисијата се уште ги разгледува предметите. Да, да. Конкретни предмети беа посочени во таа претставка, рече Камбовски по конференцијата „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во Македонија“.

Тој очекува неделава да биде готов извештајот од комисијата која ја врши проверката на предметите што ги водел Ристов.

– Па не беа многу, шест или седум предмети беа. Претставката ја водевме како анонимна. Беше потпишана од група вработени, стручни соработници и советници на Апелацискиот суд Скопје, без потпис, без имиња, тоа според законот се води како анонимна. Меѓутоа решивме да формираме група за да ги провериме тие предмети, а во меѓувреме ни стигна демант исто од група на вработени, стручни соработници дека не ја поднеле тие таа претставка. Исто таа е без имиња и презимиња, но на оваа втората имаат ставено потпис. И двете ги цениме како анонимни. Неделава треба да се готови, бидејќи станува збор, како што ви кажав, за пет или шест предмети. Не се голем број предмети – рече тој.

Камбовски најави дека во најскоро време ќе се проверува целокупната работа на Апелацискиот суд Скопје.

Во однос на случајот со новинарката од Тетово Лиридона Вејсели која беше казнета со 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ од Основниот суд во Тетово, Камбовски нагласи дека станува збор за постапка која е сѐ уште во тек и во моментот кога Судски совет ќе процени дека треба да интервенира, ќе го направи тоа.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy