
Под истрага полицаецот кој бараше ирен распит на директорката дури и на носилка
По острите критики и снимката каде се слуша како полицаец инсистира да се приведе директорка на средно училиште во Демир Хисар, ќе постапува Секторот за внатрешна контрола при МВР. Истовремено, правната фела, но и граѓани реагираат на односот на полицаецот кој и покрај укажувањата на медицинскиот тим дека здравствената состојба на директорката Маја Лозановска не дозволува таа да биде спроведена на сослушување, тој вели „ако треба ќе оди со Амбулантно возило и на носилка во полициска станица“.
Од МВР велат дека кога ќе завршат проверките, ќе известат дали го санкционирале полицаецот.
„Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности од своја надлежност за што дополнително ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.