Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владо Јаневски ѝ посвети песна на Сара Пројковска на концертот во Охрид
Македонија

Владо Јаневски ѝ посвети песна на Сара Пројковска на концертот во Охрид

09/08/2025

AA

Владо Јаневски синоќа (8 август) на својот концерт во Античкиот театар во Охрид ѝ оддаде емотивна почит на Сара Пројковска – професорка по пијано и придружен вокал, која трагично загина во пожарот на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“. Пројковска со години беше дел од неговиот бенд како придружен вокал.

„Лани на оваа сцена бевме 10, сега сме 9, Сара отиде. На концертите во Филхармонија во Скопје ми рече: ‘Баце, многу тажни песни правиш’. Ова ќе биде секогаш песната на Сара“, рече Јаневски пред да ја испее „Ненормален“, една од неговите најемотивни балади.

Публиката ѝ оддаде долг аплауз на Пројковска, која беше омилена соработничка на многу македонски поп-изведувачи. Со неа често настапуваше и Ана Костадиновска – нејзината најблиска пријателка и колешка која го преживеа пожарот, а која заедно со Теа Богатинова и Стево Чепишевски беше дел од придружните вокали на синоќешниот концерт. Во еден момент, Јаневски наместо Ана ја спомена Сара, додавајќи: „Намерно реков Сара, таа е секогаш со нас“.

Ова беше втор концерт на Владо Јаневски во Античкиот театар во рок од една година – лани настапи на истата сцена на 10 август. „Да сме живи и здрави, би сакал секое лето на почетокот од август да се гледаме овде. Ќе пееме три часа, па макар пет дена после тоа да не можам да зборувам“, рече тој.

Покрај хитовите кои веќе станаа евергрини, Јаневски ја изведе и новата песна „Штом сум среќна“, за која снимаше спот за време на концертот – традиција која ја практикува веќе години наназад. На крајот, најави и голем скопски концерт на 20 декември.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy