Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОД ДРВО И ПОД КАМЕН СЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ ЗА ХРВАТСКА: Готвачи, скара мајстори, собарки, и за тоа добро се плаќа
Регион

ПОД ДРВО И ПОД КАМЕН СЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ ЗА ХРВАТСКА: Готвачи, скара мајстори, собарки, и за тоа добро се плаќа

13/02/2024

AA

Туристичките и угостителските работници интензивно се подготвуваат за доаѓањето на летото и почетокот на туристичката сезона, а се повеќе има огласи во кои се бараат сезонски работници за хотели и ресторани во регионот, особено во Хрватска.

Заработката за угостителските работни места во оваа земја не е занемарлива, особено ако се земе предвид дека покрај плата, работниците добиваат и бесплатно сместување и оброци, а во некои случаи и бонуси.

На пример, ресторан во малото далматинско гратче Пакоштане бара помошник во кујна за плата до 1.500 евра:

– Потребен ни е помошник за претстојната сезона (чистење, миење садови…). Платата е од 1.200 до 1.500 евра плус бонуси во зависност од влогот. Гарантирано бесплатно сместување во ново реновиран стан. Обезбедена е храна. Повеќе информации во инбокс.

Собарките во Хрватска во екот на сезоната можат да заработат и до 1.150 евра месечно.

– Работното место е хотел со пет ѕвезди на Хвар. Работа на определено време: Од 1 мај до 15 октомври 2024 година Плата од 1.000 до 1.150 евра. Бесплатно сместување. Три бесплатни оброци. Работна облека и работна опрема. Работна дозвола. Можна дополнителна финансиска стимулација и награда за извонредност во работата – стои во огласот.

Од друга страна, ресторан/пицерија во Цавтат, во близина на Дубровник, бара повеќе профилни работници. Обезбедено е сместување и храна, а еден ден во неделата е бесплатен.

– Се бара: Готвач – платата е од 1.800 до 2.300 евра, мајстор за скара од 1.500 до 1.700 евра, пица мајстор од 1.500 до 1.700 евра. Помошник во кујната е од 1.250 до 1.350 евра. Келнер од 1.200 до 1.300 евра – стои во огласот и додава дека „ако си навистина добар во работата, приходот може да оди и подалеку од горенаведеното“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy