
Почна воената обука на деца на Крим
Руските државни медиуми јавуваат дека во окупираниот Крим започна основната воена обука за децата во училиштата, јавува новинар на Би-Би-Си кој ги следи руските медиуми.
Тој на Твитер објави и видео на кое се гледа како учениците вежбаат да склопуваат пушка во училницата.
Russian state media report that elementary military training lessons have begun in occupied Crimea pic.twitter.com/fsAEpTR0QC
— Francis Scarr (@francis_scarr) March 15, 2023
Да потсетиме дека претходно пишувавме за жителите на Крим кои открија дека се чувствува растечка тензија затоа што се повеќе очекуваат појава на директни конфликти. Тие тогаш рекоа и дека субверзивни и партизански групи веќе се собираат на територијата што Русија незаконски ја анектираше во 2014 година.
Кога Владимир Путин ја започна својата инвазија на Украина во февруари, малкумина очекуваа дека девет месеци подоцна украинските сили ќе се закануваат со повторно заземање на Крим. Меѓутоа, откако Украина цврсто и се спротивстави на воената велесила Русија, тоа веќе не изгледа толку невозможно, што го потврди и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој често испраќа пораки дека токму тоа е една од целите.

