Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почна увозот на работници – во земјава работат стотина Индијци
Македонија

Почна увозот на работници – во земјава работат стотина Индијци

07/11/2023

AA

Според податоците на Агенцијата за вработување, заклучно со крајот на октомври во земјава им се издадени дозволи за вработување на 4.525 странци. Најголем дел од нив е од Турција. Во Македонија работат над 2.000 лица од таа земја. Следуваат Косово и Србија со над 300 работници, па Албанија и Индија, пишува Блумберг Адриа.

Во земјава странските работници, во согласност со евиденцијата на Агенцијата, најчесто работат како градежни работници, столари, електричари, армирачи, но има и менаџери. Работодавците велат дека ангажирањето работна сила од далечните азиски земји е прашање за преживување. Нема иднина за компаниите ако нема работници, а тука не можат да ги најдат.

Непалци, Индијци, Филипинци, лица од Бангладеш, Шри Ланка… работниците мигранти од Азија ги спасуваат земјите од регионот од хроничен недостиг од работна сила. Во желбата за подобар живот многумина се соочуваат со голем број проблеми. Има и многу лажни огласи и ветувања. Колку плаќаат додека да дојдат на работа во нашиот регион? Износите почнуваат од илјадници евра. Што се случува на пазарот на странски работници?

Дваесет и едногодишната Непалка Аниша живее во Панчево, гратче во Војводина во близината на Белград, и лежерно разговараме со неа во градината на ресторанот во кој работи. „Сакав да заминам од Непал поради пари. Така му објаснив на моето семејство, кое ме разбра“, вели таа.

Заклучно со септември, во Македонија имало 105.357 невработени што активно бараат работа. Тоа е последен податок од Агенцијата за вработување. Во согласност со последните податоци на Државниот завод за статистика што се однесуваат на првата половина од годината пак, 689.714 лица во земјава се вработени. Стапката на невработеноста е историски најниска од независноста и изнесува 13,1 отсто заклучно со вториот квартал од годинава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy