
Почна со работа пунктот за вадење документи во ПС „Пролет“, досега сменети над еден милион пасоши!
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска истакна дека досега се заменети над еден милион пасоши, 900 илјади лични карти и 480 илјади возачки дозволи.
Како што вели, 80 проценти од граѓаните во внатрешноста на државата ги замениле личните документи.
Инаку, денеска се отвора и новиот пункт за вадење лични документи во полициската станица „Пролет“, каде предвидено е дневно да опслужува 1000 граѓани по принцип прв дојден, прв услужен.
Работно време ќе биде од 8 наутро до 18 часот
