Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Починатата Ивана во октомври поднела тужба за развод – МСПДМ: Секое евентуално пропуштање ќе биде целосно утврдено
Македонија

Починатата Ивана во октомври поднела тужба за развод – МСПДМ: Секое евентуално пропуштање ќе биде целосно утврдено

03/03/2026

AA

По трагичниот настан во кој животот го загубија мајка и дете, Министерство за социјална политика, демографија и млади соопшти дека веднаш презело мерки согласно своите законски надлежности, со цел утврдување на сите факти и околности поврзани со постапувањето на надлежните институции.

Министерството изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на починатите.

Како што информираат од институцијата, веднаш по случајот е спроведен вонреден инспекциски надзор во Центар за социјални работи – Скопје, со цел целосно и непристрасно утврдување на фактичката состојба и начинот на постапување.

Според првичните информации од инспекторите, починатата заедно со сопругот за првпат се евидентирани во Центарот на 07.10.2025 година, по барање од Основен граѓански суд за постапување по тужба за развод на брак.

Во однос на пријавено насилство, допис од Министерство за внатрешни работи е примен и заведен во Центарот на 02.02.2026 година. Тој се однесува на настан од 19.12.2025 година, поврзан со прекршок против јавниот ред и мир, односно физички напад на сопругот врз сопругата.

Од Министерството посочуваат дека секое евентуално пропуштање, ненавремено постапување или непочитување на законските обврски мора да биде целосно утврдено и санкционирано согласно законските прописи.

Заштитата на жртвите на насилство и превенцијата од семејно насилство остануваат врвен приоритет, а инспекцискиот надзор е сè уште во тек. По неговото завршување, Министерството најави дека транспарентно ќе ја информира јавноста за наодите и за понатамошните мерки што ќе бидат преземени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
Македонија

Метеоаларм за денес: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

24/08/2026
Македонија

Петок неработен ден за православните верници

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45226
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026

Сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин поради активен пожар кој избувна во близина на коловозот. На

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж: Активни неколку жаришта во земјава

24/08/2026

Скопје денеска беше обвиено со чад и мирис на гареж, додека активните пожари во околината на главниот град продолжуваат да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy