
Почина возач на Брза помош кој цел ден ги превезувал повредените од пожарот во Кочани
Утрово почина возач на Брзата помош откако вчера цел ден пренесувал повредени лица од страшната несреќа во Кочани.
Според информациите на српските медиуми, возачот починал од стрес.
Многу пријатели и познаници на социјалните мрежи се простуваат од починатиот возач.
„Нема зборови што можат да те опишат… Беше повеќе од човек – планина отколку човек, човек со големо срце и душа. Вчера се потрудивте да спасите млади, невини души, а на крајот и вие заминавте… Почивај во мир голем човеку“ – стои во една од објавите.