
Почина репрезентативецот на Венецуела, младиот Гарли Сохо!
Венецуелскиот кошаркар Гарли Сохо почина денеска на 24-годишна возраст.
Сохо доживеал епилептичен напад и починал во својот дом.
Минатиот септември тој ја претставуваше Венецуела на Мундобаскетот, а веста за неговата смрт ја соопшти Кошаркарскиот сојуз на таа земја.
Сохо во кариерата играше во јужноамерикански клубови и во Мексико, а на Мундобаскетот имаше просек од 12,4 поени и 4,2 скока по натпревар.