Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЧИНА ПРОФЕСОР КИРИЛ ТЕМКОВ Беше доајен на Институтот за филозофија
Македонија

ПОЧИНА ПРОФЕСОР КИРИЛ ТЕМКОВ Беше доајен на Институтот за филозофија

27/12/2025

AA

На 82-годишна возраст денеска во Скопје почина Кирил Темков, професор по филозофија, етика и естетика на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.

Темков бешев врвен професор со меѓународно реноме, автор на голем број книги, учебници и научни трудови од областа на филозофијата, етиката, менаџерството, уметноста, естетиката, џез музиката. Беше поборник за воведување на предметот Етика во училиштата. Според неговите учебници се изведува наставата по Етика во основните и во средните училишта во земјава.

Превел на македонски јазик дела на врвни светски филозофи и автори, а предавал и на бројни универтзитети надвор од Македонија,

Роден е во Кавадарци во 1943 година, во занаетчиско семејство. Учел во Белград и во Скопје, дипломирал (1968) и докторирал филозофија (1982) на Универзитетот „Свети Кирил и Метоиј“ во Скопје. Беше асистент, предавач, вонреден и редовен професор по Етика, Естетика, Филозофија на менаџерството, Филозофија на политиката, Еколошка етика, Биоетика, Менаџерска етика, Педагошка етика и Филозофија на образованието при Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА МАКЕДОНЧИЊА ОД МАЛА ПРЕСПА Акција на македонски

27/12/2025
Македонија

Наместо полнолетство, марш за правда: Потресен говор на татко од

27/12/2025
Македонија

ПОЧИНА ПРОФЕСОР КИРИЛ ТЕМКОВ Беше доајен на Институтот за филозофија

27/12/2025
Македонија

Трипати повеќе гости од дозволеното: 100 евра казна за локалот

27/12/2025
Македонија

Почина Кирил Темков, професор и истакнат македонски филозоф!

27/12/2025
Македонија

Сиљановска-Давкова разговараше со македонските мировници: Не е случајна огромната доверба на

27/12/2025
Македонија

ДЕСПОТОВСКИ ПО НАЈАВЕНОТО ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ПАРТИЈАТА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ

27/12/2025
Македонија

РАДОСТ ЗА ДЕЦАТА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМИЈАТА Дедо Мраз се

27/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39559
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА МАКЕДОНЧИЊА ОД МАЛА ПРЕСПА Акција на македонски организации

27/12/2025

Македонските активисти, Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“ и Елена Симонофски претседателка на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, поделија новогодишни пакетчиња за

Наместо полнолетство, марш за правда: Потресен говор на татко од Кочани кој ја расплака Македонија

27/12/2025

Наместо со звуците на роденденска музика, славење на полнолетство и бел фустан, денешниот 28-ми декември помина во тишина, солзи и

Трипати повеќе гости од дозволеното: 100 евра казна за локалот во Кавадарци каде настапуваше Аца

27/12/2025

Локалот во Кавадарци во кој на 22 ноември настапуваше српскиот пејач Аца Лукас е казнет со парична глоба од 100

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy