
Почина најдобриот стрелец во историјата на италијанската репрезентација – Луиџи Рива!
Рива во својата кариера настапи на 374 натпревари за Калјари, а притоа постигна 205 голови и две асистенции, додека во дресот на Италија стана најдобар стрелец со 35 погодоци на 42 настапи.
По крајот на фудбалската кариерата, Рива работеше и како директор во репрезентацијата на „аѕурите“.