
Почина легендарната Ракел Велч
Имено, актерката почина на 82-годишна возраст, а причината за смртта засега е непозната.
Познато е дека Ракел своевремено беше симбол на сексипилноста , а нејзините филмови се гледаат и денес.
Најпозната е по улогите во „Fantastic Voyage“ и „One Million Years“ B.C. од 1966 година.
Нејзиното семејство ја потврди трагичната вест за ТМЗ, велејќи дека таа починала утрово. Ракел ја доби наградата Златен глобус за најдобра женска улога за нејзината улога во филмот „Тројцата мускетари“ од 1974 година.