
Почина креаторот на Dragon Ball
Легендата на Манга, Акира Торијама, кој го создаде Dragon Ball, почина на 68-годишна возраст, јави Би-Би-Си. Тој е еден од најпродаваните стрипови на сите времиња.
Dragon Ball е многу популарен ширум светот, а мангата е претворена во аниме серија и филм. Стрипот е објавен во 1984 година.
Торијама почина на 1 март, а на неговиот погреб присуствуваа само неговото семејство и блискиот круг на пријатели.
„Тој имаше уште многу да постигне. Сепак, на светот му остави многу титули и дела. Се надеваме дека извонредниот свет создаден од Акира Торијама ќе продолжи да биде сакан од сите уште долго време“, велат од неговото студио.
