Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина екс градоначалникот на Гевгелија, Петко Смилков
Македонија

Почина екс градоначалникот на Гевгелија, Петко Смилков

01/02/2024

AA

Од СДСМ Гевгелија информираат дека починал поранешниот градоначалник Петко Смилков.

„Денес Гевгелија загуби една од најголемите, најпрепознатливите личности во градот! Активен чинител на општествените потреби за општина Гевгелија чиј препознатлив слоган беше ” ПОДАДЕНА РАКА Е РАКА ШТО ЗНАЕ ДА ПОМОГНЕ И ПРОСТУВА”. На денешен ден со нас се збогува човекот кој иако беше партиски соборец на социјалдемократите и се водеше по постулатите на социјалдемократијата, за него сите беа еднакви, се бореше да има правда за сите, секогаш подаваше рака на секому без разлика на било каква припадност! Се сеќаваме на г -динот Петко Смилков, поранешен Градоначалник на Општина Гевгелија ( 2000 – 2005 ), член на советот на Општина Гевгелија, препознатлива личност со визија за обединета Гевгелија на сите граѓани.

Роден во село Ново Конско, Гевгелиско на 4 септември 1950 година, потекнува од скромно земјоделско семејство.

Основно образование завршува во родното место, а од V – VIII одд. продолжува во ЦОУ ” Крсте Мисирков ” Гевгелија. Средно образование матурира во СОУ ” Јосиф Јосифовски ” на природно математичката насока каде што дипломира во учебната 1968 / 69 година. Подоцна по завршувањето на Универзитетот ” Св. Кирил и Методиј ” на природно – математичкиот факултет, отсек математика, станува професор по математика а, од 1989 до 1999 година беше и Директор на истата гимназија.

Од позначајните функции што ги има извршувано се:

– член на Републичката комисија за доделување на наградата ” Св. Климент Охридски ” од областа на образованието и културата – 1987 – 1988;
– активен учесник во претседателството на феријалниот сојуз на Црвениот крст на Македонија ;
– Претседател на советот на матичната библиотека ” Гоце Делчев ” од Гевгелија;
– Претседател на Младинската организација и Претседател на Соборот на месните заедници при Собранието на Општина Гевгелија ( 1978 – 1979 ) год.
Во 2000 година е избран за Градоначалник на Општина Гевгелија и во неговиот мандат се остварени најголем дел од капиталните проекти во градот како:
– изградба на санитарна депонија во гевгелискиот регион физибилити студија; –
– интегриран туристички развој;
– реновирање на централниот плоштад во Гевгелија;
– формирање на агенција за развој;
– јазичен и компјутерски центар;
– реконструкција на отворен пазарен дел (стариот пазар );
– мост и улица во населено место Ново Конско, Гевгелиско;
– мост кај населено место – Кованец;
– санација на водоводот во населено место Моин, Гевгелиско;
– Изградба на водовод во Конско и село Хума – Гевгелиско и многу други.

Претседател е на ОО СДСМ од 2007 до 2009 година.

Останува запаметен како една од најдостапните личности за сите, отворен за помош и секогаш добар слушател, советодавател на сите граѓани!
Денес, Гевгелија се збогува со еден од најдобрите градоначалници кој се бореше за победа за втор мандат во 2009 година, и за жал на сите гевгеличани не ја доби.

Неговата визија ќе беше остварена а, граѓаните ќе беа посплотени од било кога затоа што е единствениот Градоначалник кој успеа да ги спои сите граѓани во едно – од најмладите до најстарите граѓани!

Збогум Градоначалниче, светол пат Претседателе, Директоре, професоре!

Ќе Ве паметиме засекогаш по Вашите добри дела, а ќе се трудиме Вашата визија да биде наша водилка кон иднината!
Вечен спомен, Петко Смилков ( 1950 – 2024 )“, велат од СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy