Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Победа вредна плејоф: МЗТ со тројки го торпедира домаќинот на турнирот во Нови Сад (ФОТО)
Спорт

Победа вредна плејоф: МЗТ со тројки го торпедира домаќинот на турнирот во Нови Сад (ФОТО)

04/02/2024

AA

Кошаркарите на МЗТ Скопје со спектакуларна шутерска вечер дојдоа до голема победа во вечершната пресметка против Војводина (89-84) во последниот меч на турнирот во Нови Сад, која речиси сигурно им обезбеди пласман во плејофот во АБА2 лигата.

Тоа беше возбудлив и до крај неизвесен дуел, во кој аеродромци имаа фантастично прво полувреме во кое во првиот период со серија 16-2 дојдоа до огромни плус 14 (24-10), додека до пред заминување на одмор во три наврати имаа предност и од 15 поени. Тоа беше канонада на тројки на сино-белите, со оглед што во првите 20 минути постигнаа 11 тројки со само шест промашувања. Второто полувреме, сепак, не беше така добро во делот на шутот, со оглед што избраниците на тренерот Васко Атанаасов ги промашија првите 11 удари за три поени, поради што Војводина направи резултатски пресврт и поведе со 73-72. Тоа како да ги разбуди шутерите во таборот на македонскиот шампион, кои потоа врзаа три тројки во низа за ново резултатско одлепување.

Крајот исто така беше возбудлив, а клучни беа трите поени на Седрик Расел на самиот истек на нападот во последната минута за 86-82, откако претходно Марко Баковиќ ја заби топката по офанзивен скок за пресврт по негативата 81-82. Хрватскиот кошаркар беше реализатор и на побендичкиот кош на 13 секунди до крајот, а својот одличен настап го потврди и со двете прецизно изведени слободни фрлања пред самиот крај на пресметката. Баковиќ беше херојот во таборот на скопјани со оглед што средбата ја заврши со 17 поени со 4/4 за тројка и само едно промашување од поле, додека Ејасу Ворку и Војдан Стојановски дополнија со 13 поени.

МЗТ зад себе има перфектен турнир со три победи во низа за скор 7-3 и делба на третата позиција на табелата заедно со Војводина и Широки, додека пред нив се Златибор и Спартак Суботица со по една победа повеќе. Последните три меча од регуларниот дел од сезоната ќе се одиграат кон средината на следниот месец и тоа во босанскиот град Широки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy