
По убиството во Штип, драма и кај Миладиновци – ја пробил патарината, полицијата пукала!
По убиството во Штип, драма се одвивала и на патот накај Скопје, кај патарината Миладиновци.
Според информациите, напаѓачот не застанал на знак „стоп“ од полицијата, по што ја пробил рампата од патарината и продолжил да се движи со голема брзина.
По ова, полицијата отворила и оган кон возилото со цел да запре.
Возилото марка БМВ е пронајдено оштетено неколку километри подалеку, односно кај влезот на ТИРЗ во Миладиновци, а засега нема информации дали лицето е фатено или се уште е во бегство.
Ноќеска јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип вршел увид на локацијата каде едно лице беше лишено од живот.
Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани.
Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор. Се преземаат и други дејствија за обезбедување докази, а увидните дејствија на локацијата ќе продолжат и денеска.
Јавниот обвинител во текот на ноќта издаваше повеќе насоки и наредби за пронаоѓање на сторителот кој е во бегство