
ПО СМРТТА НА БЕБЕТО: Директорот на битолската болница ќе поднесе оставка
Директорот на битолската болница, д-р Александар Обедниковски, утре ќе поднесе оставка од фунцкијата, објави ММС.
„Поднесувам оставка од морални причини“, истакнал директорот.
Инаку денеска во болницата почина бебе, додека пак кон крајот на месец март почина и 6-годишно девојче по примена инфузија.
Нејзините родители се сомневаат на лекарска грешка, но обвинителството се уште го чека наодот од обдукцијата, за да одлучи дали ќе поднесе обвинение.