Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ КУПИ СТРУЈА ЗА УЧИЛИШТА, ГРАДИНКИ, ФАКУЛТЕТИ И БОЛНИЦИ – нивното производство го испраќат до ЕВН ХОУМ
Економија

ЕСМ КУПИ СТРУЈА ЗА УЧИЛИШТА, ГРАДИНКИ, ФАКУЛТЕТИ И БОЛНИЦИ – нивното производство го испраќат до ЕВН ХОУМ

10/04/2023

AA

Од ЕСМ инфомрираат дека во текот на 07.04.2023 била спроведена набавка на електрична енергија за потребите на училишта, градинки, јавни уставнови која ќе се корист до крајот на оваа недела.

– На
07.04.2023 е спроведена набавка на електрична енергија за период на испорака од
09.04 до 16.04.2023 (00:00-24:00) и склучен е Индивидуален договор со ХСЕ Мак
Енерџи ДООЕЛ Скопје со договорена моќност 
од 70 MW, количина 13.440 MWh по цена од 106,40  EUR/MWh.

ЕСМ Продажба ја набавува оваа електрична енергија
со цел да ги исполни договорените обврски кои ги имаме склучено со Основни и Средни
училишта, Градинки, Јавни претпријатија за водовод, Болници и други здравствени
установи, Универзитети и Факултети  и
други субјекти од витална важност во државата.

Цената по која ЕСМ Продажба ја продава оваа
енергија е со маржа со што се остварува дополнителен приход – се наведува во нивното соопштение.

Од АД ЕСМ додаваат дека од производството од капацитетите РЕК
Битола, РЕК Осломеј, КОГЕЛ и обновливите извори на енергија, електричната
енергија ја испорачува кон ЕВН ХОУМ кој е универзален снабдувач за
домаќинствата и мали потрошувачи, односно над 70.000 мали бизниси како и
најголемиот дел од количините за дополнително снабдување по субвенционирана
цена за мрежата на ЕВН Електродистрибуција и МЕПСО

– Количините на електрична енергија ЕСМ Продажба ги набавува
на јавен и транспарентен начин преку објава упатена до трговците на електрична
енергија кои изразиле заинтересираност за склучување договор со
купување/продавање на електрична енергија. ЕСМ Продажба и понатаму навремено и транспарентно ќе ја
информира јавноста за сите набавки и продажби на електрична енергија – се додава во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026
Македонија

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен

03/08/2026
Македонија

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри

03/08/2026
Македонија

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија

03/08/2026
Македонија

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен

03/08/2026
Македонија

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е

03/08/2026
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

03/08/2026

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри Дол

03/08/2026

По кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четворица лица од селото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy