Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По Скопје, Зелената иницијатива на ТАВ Аеродроми „Садиме денес за одржливо утре“ реализирана и во Охрид
Македонија

По Скопје, Зелената иницијатива на ТАВ Аеродроми „Садиме денес за одржливо утре“ реализирана и во Охрид

10/12/2025

AA

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, денеска ја реализираше својата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ и во Охрид, каде што вработените од охридскиот аеродром предводени од Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков заеднички засадија 20 црвени сливи во центарот на градот во должина на булеварот „Македонски просветители“ и улицата „Партизанска“.

Зелените акции за садење дрвја претставуваат траен и одговорен придонес кон создавање поздрава и поодржлива средина во заедниците каде што работат двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.

Горд сум што втора година по ред ја спроведуваме нашата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“. Минатата година засадивме чинари покрај брегот на Охридското езеро, а денеска засадивме декоративни сливи кои ќе го разубавуваат центарот на градот. Нашата стратешка цел кон одржливост се совпаѓа со активностите на Општина Охрид за заштита на животната средина. Би сакал да им се заблагодарам на нашите вработени кои волонтираа и ни се придружија, како и на градоначалникот на Охрид и вработените во Општината, со кои заеднички го дадовме нашиот придонес со секое засадено дрво. Ја делиме истата грижа за иднината. Со оваа акција, покажуваме дека малите чекори водат до големи промени – кон позелени заедници, почист воздух и подобар живот за сите, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Преку реализираните зелени иницијативи во Скопје и Охрид, кои се спроведуваат втора година по ред, ТАВ Македонија уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон заедниците и животната средина, акција која станува традиција и преку која ќе продолжи да ја поддржува грижата за природата и проектите што создаваат трајни, позитивни промени во општеството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
Македонија

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми

26/08/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45276
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен, има над 40 објекти на

26/08/2026

Со поставување камен-темелник денеска официјално започна изградбата на автопатската делница Скопје–Блаце. На настанот, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026

На ден 26.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy