Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По осум месеци битка, почина и бебето чија мајка умре при породување во кумановската болница
Македонија

По осум месеци битка, почина и бебето чија мајка умре при породување во кумановската болница

28/05/2025

AA

На клиниката за детски болести во Скопје, по осум месеци интензивна медицинска нега, почина бебето чие раѓање беше проследено со смртта на неговата мајка при породување во општата болница во Куманово, пишува СДК.МК

Трагедијата започна на 27 септември минатата година, кога триесет и едногодишна жена во деветти месец од уредна бременост беше примена во болницата со прснат воденик и отпочнато породување. По повеќе од 30 часа без значителен напредок и со влошување на состојбата, таа ненадејно почина. Веднаш бил извршен итен царски рез, при што бебето било извлечено живо и транспортирано во Скопје.

Иако новороденчето веднаш било ставено на респиратор и подложено на интензивна терапија, неговата состојба останала критична. На 23 мај, семејството било информирано дека бебето починало.

„И бебето ја изгуби битката. Ова е дополнителен шок за семејството, кое се соочува со огромна загуба. Убедени сме дека имало лекарска грешка и ќе ја бараме правдата до крај“, изјави адвокатот на семејството, Христијан Георгиевски. Тој најави дека ќе достават нова медицинска документација до обвинителството, со цел продолжување на истрагата.

Иако комисијата на министерството за здравство и обдукцискиот наод не утврдија пропусти во постапката, семејството тврди дека има нови докази кои укажуваат на доцна реакција и пропусти во лекувањето, што, според нив, довело до фатални последици и за мајката и за детето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy