Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пиши бриши: Додека Арсовска во живо на ФБ обвинуваше, општина Чаир го поништил решението!
Македонија

Пиши бриши: Додека Арсовска во живо на ФБ обвинуваше, општина Чаир го поништил решението!

28/05/2025

AA

Општина Чаир го повлече решението за легализација на стан во зграда за која скопската градоначалничка Данела Арсовска тврди дека е дивоградба изградена минатата година. Оваа одлука доаѓа само час по нејзиното јавно обвинување дека е извршен фалсификат во процесот на легализација, што предизвика силни политички тензии и меѓусебни обвинувања меѓу општината и градот.

Арсовска во живо на социјалните мрежи директно го посочи градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, како одговорен за легализацијата, нарекувајќи ја криминална и поддржана со фалсификувани документи. Таа објави документ од катастарот, обезбеден истиот ден, во кој стои дека решението за легализација е поништено поради „грешка во утврдување на фактичката состојба“ во геодетскиот елаборат.

Иако решението е датирано на 2 мај, истото било поднесено во катастарот дури на 27 мај, неколку часа по јавните обвинувања на Арсовска, што според неа претставува обид за прикривање на веќе извршен криминал. Таа обвинува дека институциите, наместо да реагираат, молчат или, како што вели, „активно учествуваат во прикривање на доказите“.

„Вчера во 14:44 Чаир поднесе поништување на решението кое го издале со фалсификувани документи. документот е антидатиран за да изгледа дека постапиле порано, но вистината е дека реагирале откако ние поднесовме пријави во МВР“, напиша Арсовска.

Од општина Чаир, пак, возвратија со тврдење дека се соочуваат со „опсада“ и политички напади кои, како што велат, потсетуваат на урбаниот пристап од пред четири децении, алудирајќи на груби интервенции од времето на поранешна Југославија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИКЕНД СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Температурата в сабота

06/11/2026
Македонија

НЕКОИ СУДИИ ГИ РУШАТ СТАНДАРДИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Врховниот суд треба

06/11/2026
Македонија

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА

06/11/2026
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не

06/11/2026
Македонија

ЗА ЗНАМ НЕМА ОТСТАПКИ КОН БУГАРИЈА БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Движењето останува

06/11/2026
Македонија

НА 60 ГОДИНИ ЈА ТЕРАЛ 80-ГОДИШНАТА МАЈКА ДА ПИТАЧИ Жената

06/11/2026
Македонија

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА

06/11/2026
Македонија

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46639
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИКЕНД СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Температурата в сабота ќе достигне 18 степени

06/11/2026

Времето в сабота, 7 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава

НЕКОИ СУДИИ ГИ РУШАТ СТАНДАРДИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Врховниот суд треба да даде одговори за „Ласкарци“

06/11/2026

Поединци во судството ги рушат стандардите што се постигнати со законските измени и со напорите на институциите за подобрување на

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА ПАЛАНКА? Ако нема коj друг,

06/11/2026

Повеќе од 1.000 грла крупен добиток, според процената на локалните власти, неконтролирано се движат низ Кривопаланечко, уништуваат насади и оштетуваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy