
По Ѓорѓиевски и Шукова: И Скендер Реџепи во трка за градоначалник на Скопје!
Скендер Реџепи од Народното движење ќе се кандидира за градоначалник на Скопје.
Оваа вест ја објави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на Фејсбук каде напиша дека претставува не само единство на прогресивните сили на Албанците во Македонија, туку и јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој.
„Реџепи дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Сега е пратеник во Собранието, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи“, пишува во објавата Ахмети.
Скендер Реџепи за противкандидати ќе ги има Каја Шукова од СДСМ и Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Локалните избори треба да бидат распишани до крајот на неделава, а најверојатно ќе се одржат на 19 октомври.