Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ралев: Од ТВ дознав дека не сум кандидат на СДСМ за Скопје, не сум бил партиски член
Македонија

Ралев: Од ТВ дознав дека не сум кандидат на СДСМ за Скопје, не сум бил партиски член

07/08/2025

AA

Професорот и архитект Мишко Ралев во интервју за Фактор открива дека со месеци подготвувал концепт за кандидатура за градоначалник на Скопје поддржан од СДСМ, но без официјално известување дознал од медиумите дека партијата избрала друг кандидат.

Вели дека не е партиски член и дека во процесот влегол исклучиво како стручњак со визија за градот.

„И со Венко се знаевме од порано од одредени кругови. Ние повремено но, континуирано комунициравме и во април 2025 година, кога Венко го доби полниот мандат како претседател. Конкретно разговаравме за моја кандидатура за градоначалник поддржана од СДСМ. Да потсетам дека јас не сум бил ниту сум член на политичка партија. Побарав време да размислам, и после одредени консултации ја прифатив неговата покана, воден од идејата дека на Скопје му е потребен архитект и некој кој нема политичко „досие“. Почнавме да работиме на концепти околу дизајнот на кампањата и како да се приближи мојата личност како непартиски кандидат до гласчкото тело. Беа вклучени и одредени личности кои требаше да ја водат кампањата од надвор но, и од партијата. Потоа, состаноците и комуникацијата завршија некаде на почетокот на јули, можеби втори или трети јули. Оттогаш никој од партијата не ме комуницираше, за да после некое време почнат да се шират одредени гласови дека сум се откажал од кандидатурата. Дури и ВМРО даде изјава дека сум надвор од „трка“. Јас за една национална телевизија изјавив дека како сериозен човек не сум се откажал од кандидатурата за кандидат за градоначалник. Сепак, на 11 јули од медиумите дознав дека јас не сум избран за кандидат за градоначалник на Скопје од страна на СДСМ“, вели Ралев. 

По прекинот на комуникацијата со СДСМ, Ралев прифатил понуда од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓеоргиевски, да раководи со стручната советодавна комисија за урбанизам и архитектура, доколку истиот победи. Нагласува дека тоа не претставува политички ангажман, туку професионален придонес во развојот на градот.

Ралев смета дека Скопје мора да има стручни лица вклучени во носењето на одлуки за урбанизмот и архитектурата и дека неговата улога ќе остане на професионално ниво, без политичка припадност.

„Оттука тој ме покани на состанок на кој ми предложи да бидам Претседател на Стручната советодавна комисија за урбанизам и архитектура на градоначалникот на Скопје, секако доколку ги добие изборите. Така што тоа не е никаква политичка функција ниту мое вклучување во политиката, туку едноставно стручен советник и би работел хонорарно, зашто после сѐ мојата интенција е да останам професор и декан на Факултетот акултетот за архитектура и дизајн. Причините зошто ја прифатив оваа понуда лежи во моите досегашни ставови кои јавно сум ги искажал во медиумите, а тоа е дека општините, а посебно градот Скопје нема стручен авторитет од областа на урбанизмот и архитектурата кој би се вклучил во донесувањето на правилни одлуки во тие области. Сметам дека е важно ние универзитетските професори да бидеме општествено ангажирани како би биле дел од одлуките кои политичарите ни ги сервираат“, додава Ралев. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy