Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По налог на РКЕ: Електродистрибуција ќе ги проверува броилата и за време на викенди и празници
Македонија

По налог на РКЕ: Електродистрибуција ќе ги проверува броилата и за време на викенди и празници

24/12/2025

AA

Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на три месечно ниво (на 90% на месечно ниво), таргетирани се 10.000 потрошувачи  кои во последните две години имале приговори или поплаки во врска со фактури и со нив е почната етапна телефонска комуникација – ова се дел од сетот на активни мерки што по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги презеде операторот на електро-дистрибутивниот систем  Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје.

Во пресрет на зимските месеци, на иницијатива на РКЕ се одржа координативен состанок со Електродистрибуција ДООЕЛ, каде првите луѓе на компанијата реферираа за преземените мерки со цел подобрување на услугата и воспоставување на двонасочна комуникација со потрошувачот, а се со цел јакнење на довербата, транспарентноста и отчетноста.

Регулаторите напоменаа дека клучно е во првите недели од јануари да продолжи редовното отчитување, за што од Електродистрибуција информираа дека имајќи го во предвид овогодинешното искуство со поплаките за претстојните празници се организирани во вонредни екипи кои и за време на празниците и викендите ќе вршат отчитување се со цел потрошувачите да добиваат сметки со реална, а не прогнозирана потрошувачка.

Од Електродистрибуција ДООЕЛ информира дека од 1 декември годинава, проширени се дигиталните опции за потрошувачите и е ставена во функција новата услуга за онлине корекција на фактура, мобилизирани се вработените да им помогнат на потрошувачите во креирање на кориснички профил.

Во исто време достапни се и останатите претходно воведени дигитални услуги како „Пријави состојба“, „Е-фактура“, и примена на  ознака на фактурата со „О“- отчитано или „М“- проценета состојба со што потрошувачите знаат точно дали добиваат сметка со реална потрошувачка, или истата е базирана врз основа на проценета состојба.

Од РКЕ и Електродистрибуција упатија апел до потрошувачите да продолжат со одговорно трошење на електричната енергија и во текот на зимскиот период.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy