
По кампањата „куќа за 1 евро“, едно село во Италија има нова примамлива понуда
а дигиталните номади многумина им завидуваат бидејќи имаат можност да работат од кој било агол на светот.
Во последниве години читаме колку земји нудат визи и добри услови за преселба, а сега се појави вест дека едно село на магичниот италијански остров Сардинија на дигиталните луѓе им нуди ништо помалку од бесплатно сместување.
Тоа е селото Ололаи, кое се наоѓа во самото срце на островот. Нема премногу жители, а според податоците во 2016 година таму постојано живееле нешто помалку од 1.300 души.
Како што пренесува Еуроњуз, веќе има и такви кои ја искористиле можноста и се преселиле, а една од нив е Кларис Партис, ИТ специјалист од Лос Анџелес.
„Ми требаше промена на местото. Барав локација која не е туристичка, но во исто време опкружена со природа, чист воздух, планини, прекрасни плажи, локација каде можам да најдам мир и полесно темпо на живот“, вели таа.
Ололаи го понуди токму тоа. Сместено е доволно далеку од сè попознатиот брег на Сардинија, но сепак доволно блиску за да можете релативно брзо да стигнете до него. Она што особено го фалат сите, вклучително и американската информатичарка, секако е храната за која вели дека е одлична и дека ужива да купува свежи тартуфи и да подготвува тестенини и њоки со разни видови сосови.
Иако е одличен избор за дигиталните номади, Ололаи е едно од селата кои доживеале тажна судбина која се рефлектира со депопулација на руралните области. Така, бројот на жители се намалил од 2.250 на 1.300 во последните 100 години, што е огромна разлика. Веќе знаете дека Италија се справи со овој проблем во последните години, мотивирајќи многумина да се преселат во руралните средини и, под одредени услови, буквално да купат куќа за едно евро. Истата акција ја понуди и ова село, а според градоначалникот се покажала како успешна.
Бидејќи таа програма беше успешна, сега решија да инвестираат во нешто друго и да станат средина за дигитални номади. Програмата наречена Work from Ollolai во следните две години ќе биде домаќин на работници од целиот свет и ќе им понуди можност за бесплатно сместување до три месеци. Кој ќе се одлучи за оваа опција мора да се пријави до крајот на годината.
Што се однесува до социјализацијата, нема никакви проблеми, бидејќи искуството покажува дека домаќините се прилично отворени и срдечни. Се разбира, иако теоретски сè звучи бесплатно, има еден мал улов. Кој ќе се пријави на програмата мора да остави некоја конкретна трага од својот престој, што може да биде есеј, научен труд или патопис поврзан со животот во Ололаи.

