Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери
Регион

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери

29/10/2024

AA

Грција реагира до Албанија за инцидентот кој денеска се случи во Тирана. 

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение го осуди нападот врз
грчкиот европратеник Фреди Белери во Тирана при посетата на делегацијата на Европскиот
парламент за проверка на пристапниот процес на Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.

„Албанските власти мора да ги преземат неопходните мерки за да се гарантира безбедноста на
европратениците и слободата непречено да ја извршуваат нивната работа. Европратениците ги
претставуваат интересите на граѓаните на Европската унија и треба да уживаат должна почит“,
соопштија од грчкото МНР. 

Како што претходно објави МИА, во Тирана денеска и утре се одржува 18-тиот состанок на
парламентарната комисија за стабилизација и асоцијација ЕУ-Албанија, на кој учествуваат десет
пратеници од Европскиот парламент, меѓу кои и Фреди Белери, а пред влегувањето во
парламентот, тој беше пречекан со навреди од помала група граѓани, а едно од лицата фрлаше
јајца и јогурт кон него, но тој не реагираше и влезе во зградата. 

Фреди Белери (52), кој е припадник на грчкото малцинство во Албанија, доби двегодишна
затворска казна за купување гласови, а беше уапсен два дена пред изборите што се одржаа на
14 мај минатата година.
Иако во притвор тој беше реизбран за градоначалник на јужното приморско гратче Химара, но
не даде заклетва во предвидениот законски рок, по што беа спроведени дополнителни избори.
Тој во јуни годинава беше избран на конзервативната листа на грчкиот премиер Кирјакос
Мицотакис за европратеник, чија инаугуративна седница беше во средината на јули, на која
присуствуваше со претходна дозвола на затворот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy