
ПО ГЕРМАНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ, СЕГА И ФРАНЦУЗИТЕ НА УЛИЦА: Владата ги „пресече“ со новите мерки
Француската влада
најави дека „сака да го слушне мислењето на претставниците на
земјоделците“, но прашање е дали овие преговори ќе вродат со плод.
Француските
земјоделци ќе продолжат со протестите додека владата не ги исполни нивните
барања, изјавија претставници на синдикатот на фармите по средбата со премиерот
Габриел Атал и министерот за земјоделство Марк Фесно.
Претседателот на
најголемиот француски синдикат на фармери, FNSEA, Арно Русо, вели дека Атал се
обврзал да се сретне со земјоделците на терен во наредните денови, објави
Ројтерс.
Земјоделците во
Франција протестираат поради ниските откупни цени на земјоделските производи и
бараат намалување на даноците, што се барањата и на земјоделците ширум Европа.
Во изминатите
денови улиците во Германија беа блокирани од локални земјоделци.
Што се однесува
до Франција, земјоделците минатата недела ги блокираа патиштата поради
владиниот данок за гориво за трактори, евтиниот увоз на земјоделски производи и
ниските откупни цени.
Владата најави
дека „сака да го слушне мислењето на претставниците на земјоделците“ за во
предлог-законот за земјоделство да вклучи дополнителни мерки за поддршка на
секторот.
EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG
