Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПО ДОЛГИ ГОДИНИ: ГОЛЕМА ДИРЕКТОРСКА ПРОМЕНА ВО „РАДЕ КОНЧАР-АПАРАТНА ТЕХНИКА“ – еве кои се новите членови на Одборот
Економија

ПО ДОЛГИ ГОДИНИ: ГОЛЕМА ДИРЕКТОРСКА ПРОМЕНА ВО „РАДЕ КОНЧАР-АПАРАТНА ТЕХНИКА“ – еве кои се новите членови на Одборот

29/05/2024

AA

Голема промена се случила кај директорските позиции на „Раде Кончар – апаратна техника“.

На вчерашното Собрание на акционери биле отповикани пет члена на Одборот на директори, а за тоа компанијата ја извести јавноста пртеку Македонската берза на долгорочни хартии од вредност.

На нивно место се избрани и назначени пет нови члена, а од нив, само една директорка е од претходнипот состав, а сите други се нови.

Односно, како што објави компанијата, поради истекот на мандатот биле отповикани Јана Стојкова Каневче, Марко Андонов, Горан Јанчиќ, Корина Киријас Џалева и Горан Коевски.

Од сите овие директори, во новиот состав на Одборот е останата само Корина Киријас Џолева, додека сите други четворица се нови и тоа Ѓорѓи Доновски, Горан Марковски, Татјана Лазаревски и Мартин Кочмановски, како независен член.  

Наши извори велат дека оваа голема директорска промена во директорските позиции на „Раде Кончар – апаратна техника“ се случува после 30 години, односно после толку долг период за прв пат таму доаѓа „свежа крв“.

Инаку, Фактор вчера објави за одлуката на Собранието за поделба на дивиденда од минатогодишната добивка, според која, ако нето добивката лани вкупно изнесувала близу половина милион евра или точно 493 илјади евра, во форма на дивиденда ќе се поделат најголемиот дел, односно 419 илјади евра.

Објавивме и за тоа колку дивиденда кој акционер ќе добие, сразмерно на нивните акционерски пакети. 

Инаку, во „Раде Кончар – апаратна техника“, како што веќе објавивме вчера, најголем поединечен акционер е Горан Антевски, кој поседува 8,83 отсто од акциите.

Додека, пак, заедно со неговата сестра, Владанка Трајкоста, која има 6,1 проценти, како и со двете фирми во нива сопственост, ова семејство поседува вкупно 24,9 отсто од акциите на „Раде Кончар – апаратна техника“.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ

21/09/2026
Македонија

ЛАЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЗЕМЈИШТЕ СТИГНУВАЛЕ ДО КАТАСТАР Стружанец три години

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45710
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН ВО „ПУЛС“ Тројца гости сведочеа

21/09/2026

Сведок на рочиштето против 13 полицајци денеска сведочеше дека еден полицаец одбил да им помогне на повредените во пожарот во

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА Тој тврди дека плочата ја

21/09/2026

Парична казна во висина од 5.000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамиз Мерко

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“ Гаши не реагирал како претседател

21/09/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека неговиот став по повод пресудата на лидерите на расформираната Ослободитена војска на Косово

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy