Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА – Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“
Економија

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА – Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

26/09/2024

AA

Надзорниот одбор на винарската визба „Тиквеш“ донел одлука за спогодбено прекинување на функцијата на генералната директорка Бранка Славеска, дознава Фактор.

Ова се случува после деветмесечно директорување со компанијата од Славеска, со оглед што нејзината функција стартуваше од почетокот на годинава.

Оваа информација компанијата многу бргу ќе ја објави и преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

Инаку, се до изборот на нов генерален директор, оваа функција ќе ја извршува претседателот на Управниот одбор на компанијата, Светозар Јаневски.

Нашите сознанија говорат дека Славеска го завршува ангажманот од лични семејни причини, и својата кариера ќе ја продолжи во странство.  

Кога Славеска беше промовирана за директорка на „Тиквеш“, беше нагласено дека таа има 25 годишно искуствио во индустријата на пијалоци. 

„Од 01.01.2024 година функцијата генерален директор на Винарска визба „Тиквеш“ ќе ја преземе Бранка Славеска. Бранка Славеска има 25-годишно професионално искуство во индустријата за пијалаци, работејќи за реномирани домашни и мултинационални компании. Како искусен менаџер, Бранка Славеска има постигнато одлични резултати во својата работа, успешно раководејќи тимови и процеси и унапредувајќи ги деловните перформанси и влијанието во доменот на ЕСГ стандардите. Преку нејзиниот ангажман, компаниите за кои работела постигнале развој и раст на нови пазари во различни региони на меѓународно ниво“, се нагласуваше во известувањето од компанијата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангелов: Тешко вечерва да биде изгаснат пожарот кај Чаниште, долга

18/08/2026
Македонија

Ви стигнаа ли парите од „МојДДВ“? Еве до кога мора

18/08/2026
Македонија

Пожарот во Мариово е најголем во државата, критична ноќ за

18/08/2026
Македонија

Намален протокот на вода во Тетово, има дефект на водоводот

18/08/2026
Македонија

27 пожари низ Македонија, активни се 11

18/08/2026
Македонија

Велешанецот Благој Гугинов влезе во топ 10 кајакари во Европа

18/08/2026
Македонија

ЕБР бара нови припадници – отворен интерен конкурс за полициски

18/08/2026
Македонија

Исплатена финансиската помош за онколошките пациенти кои ги исполниле условите

18/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45098
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ангелов: Тешко вечерва да биде изгаснат пожарот кај Чаниште, долга е огнената линија

18/08/2026

Пожарот кој вчера попладне избувна во непосредна близина на селото Чаниште денес се движи во правец на селото Крушевица, информира

Ви стигнаа ли парите од „МојДДВ“? Еве до кога мора да ви бидат исплатени!

18/08/2026

Исплатата на средствата од „МојДДВ“ за вториот пресметковен период веќе е започната, а граѓаните постепено ги добиваат средствата на своите

Пожарот во Мариово е најголем во државата, критична ноќ за заштита на селото Крушевица

18/08/2026

Пожарот во прилепскиот дел на Мариово повторно се разгоре под влијание на силниот ветер, создавајќи огнена линија долга околу 20

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy