
Појасот Газа повторно е без комуникации и интернет, објави палестинскиот телеком
Палестинската телекомуникациска компанија или Палтел (Палтел) денеска на платформата „Х“ (поранешен Твитер) објави дека комуникациските и интернет услугите во Појасот Газа се целосно прекинати, пренесе Ројтерс.
Палтел е најголемиот телекомуникациски провајдер во Газа.
