Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По 5 години настава без учебници по странски јазици, МОН започна постапка за нивна набавка
Македонија

По 5 години настава без учебници по странски јазици, МОН започна постапка за нивна набавка

28/01/2025

AA

По цели пет години настава по странски јазици без учебници во основното образование, новото раководство на Министерството за образование и наука и на Педагошката служба ја започнаа постапката за набавка, со цел истите да бидат обезбедени за следната учебна 2025-2026 година.

На јавниот повик кој е објавен на следниот линк, а изработен согласно одредбите од новиот Закон за учебници во основното и средното образование, можат да се пријават
странски издавачи преку домашни застапници и тоа за одобрување на учебници по
Англиски јазик од прво до деветто одделение, како и за учебници по Француски,
Германски, Италијански и Руски јазик од шесто до деветто одделение. Крајниот рок за
пријавување е 28.3.2025 година.

Постапката за набавка на сите учебници по странските јазици целосно ќе заврши пред
почетокот на учебната година. Учениците, први септември ќе го започнат без грижи
дали ќе имаат основни помагала за совладување на наставната материја, а
наставниците без обврски самостојно да наоѓаат материјали и извори на информации.

Дополнително, информираме дека е објавен и конкурс за изработка на нови учебници
за седмо одделение, согласно новите наставни програми и тоа по предметите
Биологија, Хемија, Физика, Географија, Граѓанско образование и Албански јазик како
изборен предмет, но и учебници по изборниот предмет Јазикот и културата на Турците
за сите одделенија од шесто до деветто. Рокот за пријавување е 31.3.2025 година.

МОН и Педагошката служба ги повикуваат издавачките куќи да покажат интерес и да
се пријават на повиците. Конкуренцијата е од исклучителна важност за обезбедување
на квалитетни наставни помагала, кои ќе овозможат непречен воспитно – образовен
процес.

Сите учебници и натаму ќе останат бесплатни, со обврска за учениците да се грижат за нивната состојба и на крајот од учебната година да ги вратат на училиштето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy