Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ: СДСМ непринципиелно бара АД ЕСМ да не почитува закони
Економија

ЕСМ: СДСМ непринципиелно бара АД ЕСМ да не почитува закони

28/01/2025

AA

Од АД ЕСМ велат дека опозицијата
неосновано ги коментира барањата за корекција на максимален приход и цена на
друштвата за производство и дистрибуција на топлина,  формирани од АД ЕСМ, кои вршат енергетска
дејност поврзана со пазарот на топлинска енергија.

Потенцираат дека
компаниите треба да се придржуваат кон одлуките и актите донесени од
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. 

„Имено,  согласно подзаконскиот акт кој го регулира
максималниот приход и цена, вршителите на дејност имаат обврска да достават
Барања до Регулаторната комисија за енергетика доколку настанат значителни
промени на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на
регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија. Во тек на тековната
грејна сезона зголемена е  цената на
природниот гас, енергент што претставува основно погонско гориво за
производство на топлинска енергија, поради што се доставени барањата до РКЕ. 
Независно дали
Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе одлука за корекција на
регулираниот максимален приход и цената, сакаме да потенцираме дека топлинската
енергија останува најеколошки и најекономичен начин на загревање споредено со
другите начини на греење“, велат во соопштението. 

Додаваат дека СДСМ во соработка
со нивните поранешни коалициони партнери, трите друштва за производство,
дистрибуција и снабдување со топлина ги оставија со милионски долгови по разни
основи. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Невреме со засилен ветер и грмежи зафати делови од Македонија

14/08/2026
Македонија

НЕ ПИЈТЕ: Забранета за користење водата во Демир Капија

14/08/2026
Македонија

Нов смртен случај по убод од комарец во Скопје

14/08/2026
Македонија

Функционерите со здравица за чиста вода во Гостивар по месец

14/08/2026
Македонија

Повторно безбедна за пиење водата од градскиот водовод во Гостивар,

14/08/2026
Македонија

Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

14/08/2026
Македонија

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени

14/08/2026
Македонија

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45019
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Невреме со засилен ветер и грмежи зафати делови од Македонија

14/08/2026

Невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и силни електрични празнења зафати неколку региони низ државата, информираат од Управата за

НЕ ПИЈТЕ: Забранета за користење водата во Демир Капија

14/08/2026

Забранета е водата за пиење во Демир Капија, информираа попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Оттаму известија дека водата од

Нов смртен случај по убод од комарец во Скопје

14/08/2026

Во Скопје е регистриран нов смртен случај поврзан со западнонилската треска. Почина 72-годишен маж кој бил хоспитализиран на Клиниката за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy