
По 2-годишна пауза: Рио де Жанеиро се подготвува за карневалот
Рио де Жанеиро се подготвува за отворањето на светски познатиот карневал со забава на плажа и скара долга 2 километри.
Мајсторите за скара подготвија различни специјалитети врз основа на локални рецепти за илјадници Бразилци и туристи кои дојдоа да прослават. Карневалот во Рио се враќа по двегодишна пауза поради пандемијата.
Официјалното отворање на фестивалот ќе биде на 14 февруари.