Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По 100 години: Една од најголемите германски компании ги затвора своите деловни единици
Македонија

По 100 години: Една од најголемите германски компании ги затвора своите деловни единици

06/04/2025

AA

BayWa AG, компанија со стогодишна традиција и препознатливо име во секторите за земјоделство, градежништво и енергетика, најави затворање на дури 26 деловни единици низ Германија.

Концернот, кој има повеќе од 100 години традиција, со месеци се наоѓа во длабока криза и сега мора да преземе сериозни чекори. BayWa, односно Bayerische Warenvermittlung landwirtschaftlicher Genossenschaften AG со седиште во Минхен, затвора 26 деловни единици, од кои речиси половината се наоѓаат во Баварија. Истовремено, ќе бидат укинати околу 1.300 од вкупно 8.000 работни места со полно работно време.

Особено погодени се секторите за земјоделство и градежни материјали, додека погони за агротехника не се засегнати од кризата. Најголем дел од отпуштањата ќе се случат во централата во Минхен.

„Постојната мрежа на деловни единици беше анализирана според побарувачката и профитабилноста. Анализата покажа дека одредени објекти од секторите градежни и земјоделски материјали долгорочно не се економски одржливи и затоа ќе бидат затворени по фази до крајот на 2027 година“, изјави портпарол на компанијата за Bild.

Повеќето отпуштања нема да се случат на терен, туку во централните административни единици. Околу 40% од работните места ќе бидат укинати токму таму – исто така до крајот на 2027 година.

„BayWa ќе постапува што е можно посоцијално чувствително, сепак не можеме да ги исклучиме отказите поради деловни причини“, порача портпаролот.

Како еден од главните предизвикувачи на кризата се наведува експанзивниот и пребрз раст, потпомогнат со задолжување во време на евтин капитал. Во моментов, фокусот е исклучиво на реструктурирање на високо задолжениот концерн. Банкрот на BayWa, според сите информации, не е во прашање.

Историјата на BayWa започнува во 1923 година. Во почетокот, компанијата била специјализирана за снабдување на руралните подрачја со сè што е потребно за земјоделството. Многу брзо станала најголем трговец со земјоделски производи во Германија. Денес, според сопствени податоци, концернот развива иновативни и одржливи решенија за основни животни потреби: храна, домување, греење, електрична енергија и мобилност, управува со 400 деловни единици низ Германија и има голема онлајн продавница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy