
ПЛОМБИ И КАЗНИ ЗА УГОСТИТЕЛИТЕ: ДПИ затвори 26 објекти и изрече глоби од 45 илјади евра
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) спроведе масовна акција за контрола на угостителските објекти низ целата држава во текот на декември. Фокусот на инспекторите беше ставен на почитувањето на Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето.
Биланс од декемвриските контроли:
Од Пазарниот инспекторат велат дека засилените контроли ќе продолжат и за време на новогодишните и божиќните празници. Инспекторатот упати апел до сите угостители строго да ги почитуваат законските одредби за работа и забраната за пушење во затворени простории, нагласувајќи дека нема да има компромис при заштитата на јавниот интерес.
