
ПЛАТИТЕ РАСТАТ: Koлку заработуваат жителите на Загреб?
Растат платите во Хрватска. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правни лица во Град Загреб за декември 2023 година била 1.355 евра. Тоа е зголемување од 11,1 отсто во однос на декември 2022 година, според податоците на Градската канцеларија за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање.
Споредено со просечната месечна плата за минатиот декември на ниво на Хрватска, која изнесува 1.191 евро, просечната загребска нето-плата е за 164 евра повисока. Највисока просечна месечна нето-плата кај правните лица за декември 2023 година е исплатена во дејноста вадење сурова нафта и природен гас, во износ од 2193 евра. Во регионот, Македонија има најниски плати.
foto freepik.com/josemiguelsangar