Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Плата до 5-ти и породилно 18 месеци, предлозите на Левица утре на дневен ред
Македонија

Плата до 5-ти и породилно 18 месеци, предлозите на Левица утре на дневен ред

31/03/2025

AA

После, за нас, неразумниот и неодговорен ‘платен распуст’ на пратениците, на седницата закажана за утре (вторник) ќе се најдат два предлог-закони поднесени од пратеничката група на Левица:

Задолжителна исплата на платата до 5-ти наместо до 15-ти во месецот, затоа што работникот не смее да биде оставен во неизвесност, присилен да зема брзи кредити, да влегува во дозволени минуси или да се изложува на позајмици со високи камати додека чека половина месец за парите што чесно ги заработил;

Зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци, со цел подобрување на социјалната и економската заштита на мајките и семејствата, нивно психофизичко закрепнување и развој, како и градење на здрава врска без страв од финансиска несигурност. Секое дете заслужува стабилен почеток во животот, а секоја мајка право на достоинствено мајчинство.

Овие предлог-закони се само поднесени од пратеничката група на Левица, а се произлезени директно од потребите на народот. Дополнително, овие законски решенија не претставуваат светски феномен, туку се компаративно познати и пожелни во други европски земји.
Оттука, доколку продолжи партиската суета на владејачкото мнозинство составено од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ, и овие предлози не бидат изгласани – тоа ќе биде удар врз оние коишто им го дале мандатот, народот, а не врз Левица.

Досега мнозинството предводено од ДПМНЕ не гласаше за ниту еден предлог на Левица, тие без дебата и разумни контра-аргументи ги одбиваа сите предлози. Пратениците ги потсетуваме дека предлозите се во интерес на граѓаните, а не на политичките партии. Одбивањето на вакви законски решенија, само затоа што доаѓаат од Левица, не е политика – тоа е непочитување на работниците и семејствата пред кои секој пратеник одговара.

Левица

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ ЗАБРАНА…  Полицијата привела уште 10

15/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи затоа што управувале

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој ќе добие и резиденција во

15/02/2026

Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид премина во надлежност на поглаварот – архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и тој

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема да биде оставено само

15/02/2026

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy