Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пластиката течеше како лава – раскажаа пожарникарите за пожарот во Осиек
Регион

Пластиката течеше како лава – раскажаа пожарникарите за пожарот во Осиек

05/10/2023

AA

Пожарот во Осиек во Хрватска е ставен под контрола, а растопената пластика течеше како лава. 

Пожарот кој вчера избувна во Осиек сега е ставен под контрола, но чадот околу местото на пожарот уште не стивнува. Ветерот е значително ослабен, па чадот не оди високо во воздухот туку се задржува блиску до земјата, што уште повеќе ја отежнува работата на пожарникарите.

Од противпожарната служба соопштија дека пожарот го гаселе околу 200 пожарникари од 44 противпожарни станици и дека во интервенцијата учествувале 100 возила.

Шефот на противпожарната бригада на Осиек-барањската жупанија Зоран Пакшец откри дека во текот на ноќта дежурале 20 пожарникари за да спречат ширење на пожарот, како и 10 противпожарни возила.

„Моравме да истуркаме дел од пластиката за да го заштитиме предметот. Пластиката течеше како лава. Оваа стопена пластика ги загрози и цевките и камионите, моравме многу да внимаваме на пластиката што не палеше оддолу, а не ни знаевме. Токму ова беше една од причините поради која мојот колега, се повреди во течната пластика. Денеска ќе биде пренесен во Загреб, се надевам дека е стабилен“, рече тој, а пренесува Јутарњи лист.

Нема нови препораки за граѓаните, освен вчерашните препораки мештаните што помалку да останат на отворено и да носат маски.

Шефот на противпожарната служба, Горан Ивковиќ, најави дека пожарникарите го држат пожарот под контрола и дека во соработка со работниците на компанијата „Драва Интернационал“ ќе се обидат да го покријат местото на пожар со земја и со тоа да го забрзаат процесот на запирање на ширењето на чад.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy