
ПЛАМЕН ПРОГОЛТА КУЌА ВО КРИВОПАЛАНЕЧКО Повредени три лица, итно пренесени во Скопје

Три лица се повредени во пожар што избувнал во семејна куќа во селото Нерав, во околината на Крива Паланка, информираат од полицијата.
Инцидентот се случил вчера околу 18:36 часот, кога пламен зафатил куќа во сопственост на 52-годишен жител на селото. Во пожарот повреди здобиле 34-годишен маж, сопственикот на куќата и 89-годишно лице.
Повредените биле итно пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им е укажана лекарска помош.
На терен интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, која успеала да го локализира и целосно да го изгасне пожарот.
.

