
Петти трофеј на Стефан Ристовски со Динамо, го освоија Супер купот!
„Модрите“ славеа со 1-0 против големиот ривал Хајдук, на „Максимир“, а Ристовски беше дел од натпреварот од првиот свиреж. Заменет беше во 84. минута, долго откако Динамо поведе и го чуваше водството. Стрелец на победничкиот погодок е Мартин Батурина, 20-годишен играч за врска, во 52. минута од мечот.
Ова е петти пехар за Ристовски во дресот на Динамо Загреб, откако крена три во хрватската најсилна лига и еден во Купот. Истовремено, ова е единствениот кој му недостигаше во Хрватска, бидејќи колекцијата му е збогатена и со трофеите од времето во Риека, по еден шампионски и од Купот.