Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петрушевски за пресудата за Модуларна во Тетово: Класичен пример дека правосудниот систем е под влијание на СДС и ДУИ
Македонија

Петрушевски за пресудата за Модуларна во Тетово: Класичен пример дека правосудниот систем е под влијание на СДС и ДУИ

16/05/2025

AA

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција истакна дека судот денеска изрекол срамни казни за тогашните директори на Клиничка болница Тетово, а за случајот во кој изгореа 14 лица во Модуларната болница во Тетово.

„По една година и шест месеци ефективна затворска казна за Флорин Бесими, тогашен директор на Клиничката болница во Тетово и Артан Етеми, економски директор во болницата. Замислете, правното лице Клиничка болница Тетово беше прогласено за виновно да плати околу 16-тина илјади евра.

Ова се ниски, срамни, далеку од правото, посебно од правдата казни за случајот во кој изгореа 14 лица, а се случи во септември 2021 година во Тетово.

По ваква пресуда, ни останува само едно, да ги повикаме надлежните, а воедно и да најавиме до сите вас, итни и неодложни реформи во правосудниот систем.

Оваа пресуда е класичен пример дека правосудниот систем е под влијание на СДС и ДУИ, поточно да не ги ставаме сите во ист кош, тоа се поединци кои настапуваат по волјата на СДС и ДУИ, а не судат по правните норми.

Сега пак, мора да ги повикаме надлежните да пристапат кон постапка за разрешување на оние кои се инволвирани во носењето на оваа срамна пресуда за Модуларната болница во Тетово. Воедно ја повикуваме Управата за јавни приходи да го испита потеклото на имотот на судијата кој ја донесе оваа срамна пресуда.

Кога веќе знаат да влијаат врз судството Венко Филипче и Али Ахмети да отидат дома кај семејствата на жртвите и да ги погледнат во очи. Филипче и Ахмети треба да им објаснат на семејствата зошто е донесена ваква срамна пресуда. 

Ги повикуваме Филипче и Ахмети да се изјаснат зошто си поигруваат со судбината на граѓаните.

Филипче, наместо да се сонча во Дубаи, да оди, да ги погледне членовите на семејствата кои изгубија блиски,  да им каже дека тоа се случило оти тој не го презел тендерот од локалната самоуправа, свесно и по налог на Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Али Ахмети.

Ова е пресуда од која се незадоволно сите. Ова е пресуда која го крева народот на нозе.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи секаков израз на незадоволство од пресудата донесена од судијата кој очигледно работи по желбите на Филипче и Ахмети.

ВМРО-ДПМНЕ е категорично против сите кои го контролираат правосудниот систем“, вели Петрушевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика

02/10/2026
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45949
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика низ Македонија

02/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, а во текот на денот сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за влез на скијачките патеки

02/10/2026

На Попова Шапка се поставени нови порти за скенирање на билетите пред жичниците и ски-лифтовите, со што ски-центарот најавува побрз

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија заслужува да биде со најнапредните

02/10/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изразила благодарност за растечкиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy