
Петрушевски му возврати на Трендафилов: Пријател не може да бидам со претставници на трулата комунистичка буржоазија, може да бидам само непријател!
По објавата на Фејсбук на претседателот на ССМ, Трндафилов, во која во знак на први април се пошегува со Бране Петрушевски, сега Петрушевски му возврати со објава.
Трендафилов напиша „мислам дека сме најдобри другари, или не сме ?“.
Бране пак напиша „пријател со претставници на трулата комунистичка буржоазија, кои семејно си ги наследуваат функциите во синдикатот, за само да си ги полнат џебовите, не може да бидам. Само непријател!“
