Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска со честитка до граѓаните по повод Денот на независноста: независноста не е само збор тоа е духот на народот обединет со заеднички вредности и соништа за иднината
Македонија

Петровска со честитка до граѓаните по повод Денот на независноста: независноста не е само збор тоа е духот на народот обединет со заеднички вредности и соништа за иднината

08/09/2023

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово со видео-обраќање на сите граѓани на Северна Македонија им го честиташе Денот на независноста, 8. Септември.

Во честитката, министерката Петровска порачува дека независноста не е само збор, туку тоа е духот на народот обединет со заеднички вредности и соништа за иднината и дека храбрите одлуки се втемелени во македонскиот непокор. Горди на минатото, порачува министерката, се поклонуваме на историјата, но живеејќи во сегашноста да се обединиме за европската иднина на Македонија.

Во продолжение е целосната честитка од министерката Петровска до македонските граѓани:

„Илјадници страници испишани на македонски јазик раскажуваат за борбата и непокорот кои се спротивставуваат на секој обид ова парче земја да биде поробено.

Аманетот кој ни го оставија храбрите илинденци и гордите асномци и мудроста која ја имаат македонските современици се нашиот штит и меч во борбата да ги оствариме вековните стремежи за независна и суверена Македонија.

Независноста не е само збор, туку тоа е духот на народот обединет со заеднички вредности и соништа за иднината.

Денес, на Денот на независноста ја чествуваме издржливоста и решителноста на секој Македонец, Албанец, Турчин, Влав, Ром, Бошњак и секој еден граѓанин на Македонија.

Стоејќи гордо под знамето на сонцето да се потсетиме и поклониме на жртвите на оние кои го дадоа животот за денес да го живееме вековниот сон.

Храбрите одлуки се втемелени во македонскиот непокор и затоа горди на минатото, се поклонуваме на историјата, но живеејќи во сегашноста да се обединиме за европската иднина на Македонија.

Нека ни е честит Денот на независноста.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy