Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска: Процесот на европска интеграција е безбедносно прашање
Македонија

Петровска: Процесот на европска интеграција е безбедносно прашање

22/05/2023

AA

Во интервју за емисијата „Утрински печат“, министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија е безбедносно прашање, затоа што сите отворени прашања во државата и регионот може да бидат злоупотребени и малициозно искористени за несакани дејствија и подгревање на страстите.

Во тој контекст, министерката Петровска посочи дека посветеноста на Владата и на една поширока неформална коалиција која се формира околу прашањето за евроинтеграциите и уставните измени е исправниот пат, а дека политичарите треба да го предводат народот, а не да се кријат зад него.

„Знам дека е тешко да зборуваме за уставни измени, знам дека е тешко да се зборува за политички отстапки, но големите лидери во политиката се распознаваат по своите дела и не се кријат зад народот. Лесно е да кажете, ајде за секое второто прашање да го прашаме народот. На крајот на краиштата седиме на позициите на кои седиме затоа што ние треба да ги носиме решенијата и ние треба да ги носиме одлуките“ потенцираше Петровска, која дополни дека политичарите многу помалку треба да се кријат зад народот, а многу повеќе треба да го предводат зашто во даден момент во тие историски носени одлуки, зависи иднината на државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е

23/08/2026
Македонија

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица,

23/08/2026
Македонија

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026
Македонија

Добро е тоа што немаме загинати или повредени и нема

23/08/2026
Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката

22/08/2026
Македонија

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот

22/08/2026
Македонија

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот

22/08/2026
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е дали уште треба да се

23/08/2026

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочараност по уништувањето на новопоставената зимска маркација на патеката за планинарење Попова

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица, двајца повредени

23/08/2026

Двајца мажи се повредени откако утрово околу 5:45 часот било пукано кон автомобил на улицата „18“ во Арачиново, Скопје. Настанот

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026

Езерото Рупа се наоѓа веднаш под северниот гребен на Врв Р’жана(2334мнв). Врвот Р’жана е најјужниот врв во рамки на НП

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy