
Петровска: Подаваме рака на Словенија, Македонија подготвена да помогне
„Со големо жалење ја следиме состојбата во Словенија која ја погоди големо невреме и поплави. Не можеме да го гледаме ова, а да не понудиме помош“, напиша министерката за одбрана, Славјанка Петровска на нејзиниот Фејсбук-профил.
Подготвени сме да подадеме рака и да помогнеме во справувањето со последиците од ова невреме и да покажеме дека вистински пријатели се познаваат во тешки моменти. Заедно сме посилни! – додава министерката.
