Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска: Нашите припадници во Вермонт и Криволак создадоа нераскинлива врска која ги надминува границите на партнерството
Македонија

Петровска: Нашите припадници во Вермонт и Криволак создадоа нераскинлива врска која ги надминува границите на партнерството

25/09/2023

AA

Зад нас се неколку големи вежби кои беа навистина успешни, а веќе сме во фаза на планирање на следните заеднички вежби, кои ќе бидат уште поголеми и позначајни за нашиот заеднички развој, ова го рече на прес конференција министерката за одбрана Славјанка Петровска пречекувајќи го генерал-мајор Грегори Најт.

„Со Вермонт развивме и одлична соработка во областа на военото образование. Наши питомци беа дел од Универзитетот Норвич и имајќи предвид дека и Универзитетот и Воената академија во Скопје изразија јасен интерес за продолжување на соработката, немам сомнеж дека набрзо ќе можеме да го отвориме новото поглавје и во оваа област. Сакам да ви порачам – Северна Македонија е ваш сојузник на кој можете да се потпрете. Гледајќи кон иднината, исполните сме со оптимизам и верба. Нашето партнерство достигна големи височини. Ние сме еден тим кој е докажано способен да одговори на сите предизвици. Ако ја имаме предвид посветеноста кон нашите цели, нема граница на она што можеме заеднички да го постигнеме“, изјави министерката за одбраа Славјанка Петровска.

Оваа година се одбележува 30-години партнерство помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт. Припадници на македонската Армија и на Националната гарда на Вермонт имаат спроведено голем број заеднички обуки на кои досега учествувале над 1.800 припадници на Армијата.  Во 2012 година, со цел унапредување на односите и соработката и постигнување на особено значајни остварувања на Националната гарда на Вермонт и беше доделен Орден за воени заслуги.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија

03/08/2026
Македонија

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен

03/08/2026
Македонија

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е

03/08/2026
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
Македонија

ИНФЕКЦИИ, ОТПОРНОСТ НА АНТИБИОТИЦИ И ОПАСНОСТ ЗА ЗДРАВЈЕТО: Пронајдена опасна

03/08/2026
Македонија

Приведен стружанец во Ташмаруништа: Навредувал јавни личности на прославата за

03/08/2026
Македонија

Се одбележување Светската недела на доењето: Одржлив почеток во животот

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44832
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија нелегално преминале граница и биле

03/08/2026

Двајца пратеници од бугарската партија Преродба, и покрај важечка судска забрана за влез во државата, минатата недела присуствувале на судење

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен котел

03/08/2026

На 02.08.2026 во 07:54 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во периодот помеѓу 01/02.08.2026 до 08:00 часот во

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е пренесено во Скопје

03/08/2026

На 02.08.2026 година во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy