Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска: АНБ лаже дека треба судска одлука, законот дозволува итна декласификација ако се крие криминал
Македонија

Петровска: АНБ лаже дека треба судска одлука, законот дозволува итна декласификација ако се крие криминал

04/09/2025

AA

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска ја обвини власта дека со нецелосни и конфузни информации се обидува да го злоупотреби и манипулира случајот во Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Таа побара итна декласификација на целата документација, тврдејќи дека АНБ може и мора веднаш да го стори тоа, особено ако наводите за криминал се точни.

„Докази нема, детали нема, само штуро соопштение и бледи изјави кои упатуваат на скриените мотиви на власта, а тоа е овој случај да го злоупотребат и да го претворат во манипулација,“ изјави Петровска.

Таа директно ја отфрли изјавата од АНБ дека за декласификација е потребна судска одлука, нарекувајќи ја лага. Петровска се повика на два члена од Законот за класифицирани информации, тврдејќи дека тие овозможуваат итна акција.

„Законот вели дека ‘тој што класифицира, тој и декласифицира’“. Таа го цитираше членот 14, кој вели дека промената на степенот на класификација ја врши создавачот на информацијата.

Уште поважно, Петровска го истакна членот 20 од истиот закон, според кој информацијата нема да се смета за класифицирана ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата.

„Значи, ако се земат предвид сите претходни изјави од власта, за наводна злоупотреба и незаконско работење, овој член овозможува итна декласификација, без изговори и одолговлекувања,“ заклучи таа.

Како втор чекор, пратеничката побара итно свикување на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ за да се изврши увид во декласифицираните документи. Според неа, со декласификацијата се надминува и пречката со немањето безбедносен сертификат на претседателот на комисијата.

Петровска обвини дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ „пушта магла“ со овој случај за да се заборават досегашните скандали и да се создаде изговор за спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање. Таа предупреди дека власта нема капацитет за таква сложена реформа, која доколку не се спроведе како што треба, може да предизвика „несогледливи последици за државата“.

„АНБ е столб на националната безбедност… и не смее да се дозволи нејзина окупација и злоупотреба, бидејќи тоа е ризик и закана за безбедноста на земјата и рушење на столбовите на државноста“, заклучи Петровска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy