
Петковски: Не ми е јасно како може 63-годишник да работи на жештина
Милан Петковски од Македонското здружение за заштита при работа реагираше во вестите на ТВ24 на веста дека во Шипковица при градежни работи на свлечиште при што потпорен ѕид се сруши и усмрти двајца работници, од кои едниот се испостави дека е 63-годишник од Селце.
– Не ми е јасно како може 63-годишник да работи на жештина. Сакам да видам дали работодавачот обезбедил услови според Законот за безбедност и здравје при работа, рече Петковски.
Двајца градежни работници на 50 и 63 години ги загубија животите вчера попладне додека работеле во тетовска Шипковица. Според првичните информации на СВР Тетово настрадале А.А.(63) од тетовско Селце и Џ. Ц.(50) од Република Албанија.
Македонија според критериумите спаѓа во земјите со висок ризик на работно место
