Петковски го напушти Работнички и се врати во Романија
По една година, тој се враќа во тамошниот второлигаш Конкордија од каде летото 2023 година дојде во Работнички. Претходно играше во Ботошани, а сезонава забележа два настапа за тимот од Дебар Маало.
Петковски е производ на фудбалската школа на Вардар и во „црвено-црниот“ дрес дебитираше во Првата лига во 2014 година.